ЕДНА ГОДИНА ОД МАСАКРОТ ВО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД, КОЛОНИ ОД ЛУЃЕ ВО ТИШИНА ИМ ОДДАВААТ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ

    ЕДНА ГОДИНА ОД МАСАКРОТ ВО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД, КОЛОНИ ОД ЛУЃЕ ВО ТИШИНА ИМ ОДДАВААТ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕВо пукањето се убиени деветмина деца и еден чувар (Фото: Нова.рс)

    Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ уби деветмина негови врсници и еден чувар. Родителите на убиените деца и бројни роднини и пријатели се собраа пред училиштето во 8:41 часот, време кога Кецмановиќ го почнал својот крвав поход, каков што не е забележан во регионот.

    Во 8:41 часот, сите медиуми во земјата ја прекинаа програмата за да им оддадат почит на жртвите со една минута молк.

    Родителите на убиените деца и бројни роднини и пријатели утрово се собраа пред училиштето (Фото: Нова.рс)

    На влезот во училиштето е поставена просторно-ликовна инсталација „Вел на плачот“, на која се испишани имињата на жртвите, а граѓаните во текот на денот ќе можат да поминат низ таканаречениот „простор на тишината“, кој зафаќа неколку улици и дел од Ташмајданскиот парк.

    Колони од луѓе од утрово во тишина доаѓаат до училиштето, палат свеќи и оставаат цвеќиња. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

    Убиецот Коста Кецмановиќ една година е во ментална установа, а поради возраста не може да се смета за кривично одговорен за злосторството што го изврши. Во јануари почна судењето на неговите родители, кои се обвинети за сериозен чин против општата безбедност затоа што не ги заштитиле оружјето и муницијата употребени во пукањето, чиј мотив останува непознат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира