САДИК КАН ТРЕТПАТ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЛОНДОН, ТЕЖОК ПОРАЗ НА КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    САДИК КАН ТРЕТПАТ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЛОНДОН, ТЕЖОК ПОРАЗ НА КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИКан го повика премиерот Сунак да распише парламентарни избори (Фото: Гети)

    Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите Лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на Конзервативната партија. Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

    Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

    Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

    Време е Сунак да ѝ даде избор на јавноста. Парламентарни избори ќе ѝ дадат нова насока на државата“, рече тој.

    Лабуристите победија и во Бирмингем, Манчестер и Ливерпул, додека Конзервативците изгубија повеќе од 470 советнички места во однос на претходните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира