ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ДОШЛЕ ДА УАПСАТ НЕГОВ РОДНИНА ИЗБЕГАН ОД ЗАТВОР

    ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ДОШЛЕ ДА УАПСАТ НЕГОВ РОДНИНА ИЗБЕГАН ОД ЗАТВОРОсомничениот се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена на 18-годишник кој нападнал полицајци оти дошле да уапсат негов роднина кој избегал од затвор, соопшти кавадаречкото Основно јавно обвинителство (ОЈО).

    На 2 мај, во куќа на улицата Димката А. Габерот во Кавадарци, двајца инспектори од Министерството за внатрешни работи дошле да уапсат побегнат затвореник од затворот во Гевгелија, кој бил роднина на осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега 18-годишникот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.

    „Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода“, велат од ОЈО Кавадарци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира