УЧЕНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ СОБРАА ПАРИ И КУПИЈА ИНВЕРТЕР КЛИМА ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНО СЕМЕЈСТВО

    УЧЕНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ СОБРАА ПАРИ И КУПИЈА ИНВЕРТЕР КЛИМА ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНО СЕМЕЈСТВОАкцијата е организирана во рамките на проектот „Подари насмевка“ на Црвениот крст. (Фото: СДК.МК)

    Младите хуманитарци од Кавадарци преку проектот „Подари насмевка“ од програмата на Црвениот крст набавија инвертер клима уред за семејство од Кавадарци кое е социјално загрозено. Оваа акција ја реализираа волонтерите од основното училиште „Гоце Делчев” во Кавадарци.

    „Младите хуманитарци изминатиот период напорно работеа за да набават грејно тело за затоплување на домот на социјално загрозено семејство. Оваа цел произлезе од нивното истражување да се помогне на некое семејство во рамките на проценката и нивните можности да соберат парични средства за такво нешто“, кажа Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвен крст на Кавадарци.

    За да ги соберат парите, учениците организирале повеќе настани, како детски забавни игри, продавале крофни и зашеќерени јаболка на плоштадот во Кавадарци и организирале велигденски базар и пешачка тура до месноста Љубаш. Биле испратени писма за донации во неколку маркети во градот, при што добиле и храна и средства за хигиена, кои се донирани на семејството.

    Проектот е реализиран под раководство на Даниела Лазовска, волонтерка во ОО Црвен крст Кавадарци.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира