НЕ СМЕ ВО ВОЈНА СО РУСИЈА, ВЕЛИ ФРАНЦИЈА ЗА ПРИСУСТВОТО НА ДЕНЕШНАТА ИНАУГУРАЦИЈА НА ПУТИН

    НЕ СМЕ ВО ВОЈНА СО РУСИЈА, ВЕЛИ ФРАНЦИЈА ЗА ПРИСУСТВОТО НА ДЕНЕШНАТА ИНАУГУРАЦИЈА НА ПУТИНПутин на инаугурацијата во Кремљ во 2018 (Фото: Гети)

    Голем број членки на Европската Унија, исто како и САД и Канада, ќе ја бојкотираат денешната инаугурација на Владимир Путин, кој ќе положи заклетва за својот петти претседателски мандат во Москва. Сепак, Франција, Словачка и Унгарија најавија дека ќе имаат свои претставници.

    Путин очекувано оствари убедлива победа на изборите во март, кога се избори за останување на власт најмалку до 2030 година. Во пресрет на денешната церемонија, многу западни држави ја отфрлија можноста за испраќање свои претставници, како балтичките земји, Чешка, Германија, Велика Британија и Канада.

    Не сакаме да славиме со агресор“, изјави министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахна.

    Најмалку 20 членки на ЕУ нема да присуствуваат на инаугурацијата, но, како што објави „Ројтерс“, седум ќе испратат свои претставници. Извор од француската дипломатија изјави дека Франција ќе ја претставува амбасадорот во Русија.

    Не сме во војна со Русија и не бараме промена на режимот во Москва“, изјави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

    На францускиот амбасадор ќе му се придружат претставници на Унгарија и Словачка, чии влади се проруски настроени, но не и амбасадарот на ЕУ во Москва.

    Украина побара од своите сојузници да не присуствуваат на церемонијата.

    Инаугурацијата на Путин создава илузија на законитост за речиси доживотно останување на власт на лице кое ја претвори Руската Федерација во држава агресор, а владејачкиот режим во диктатура. Украина не гледа правна основа за негово признавање како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира