МАРАТОНЕЦОТ ДАРИО ИВАНОВСКИ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ АТЛЕТИЧАР КОЈ ОСТВАРИЛ ОЛИМПИСКА НОРМА

    МАРАТОНЕЦОТ ДАРИО ИВАНОВСКИ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ АТЛЕТИЧАР КОЈ ОСТВАРИЛ ОЛИМПИСКА НОРМАИвановски е првиот потврден учесник од Македонија на Игрите во Париз (Фото: Скопски маратон)

    Маратонецот Дарио Ивановски уште еднаш испиша историја на македонскиот спорт откако стана првиот атлетичар кој остварил норма за Олимписки игри. Ивановски, кој на 15 мај ќе наполни 27 години, ќе трча на претстојната Олимпијада во Париз благодарение на својот пласман на светската ранг-листа, на која се наоѓа на 78. место.

    Ивановски е првиот потврден учесник од Македонија на Игрите во Париз, кои ќе се одржуваат од 26 јули до 11 август.

    Ивановски има трчано бројни атлетски дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020, на кој следната година и победи. Во меѓувреме, тој продолжи да ги подобрува своите времиња, па во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува два часа, осум минути и 26 секунди, остварено во Севилја во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира