ДОБРИ ФИНАНСИСКИ НАВИКИ СО ПАКЕТИТЕ ЗА БАНКАРСКИ УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

    ДОБРИ ФИНАНСИСКИ НАВИКИ СО ПАКЕТИТЕ ЗА БАНКАРСКИ УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКАСо пакетите се добива современо банкарство во еден пакет по пониска цена од редовните

    Комерцијална банка нуди избор на неколку пакети банкарски производи и услуги. Со нив се овозможува современо банкарство по пониска цена од редовните што се плаќаат кога поединечно се користат на пример, платежна сметка, дебитна или кредитна картичка, електронско и мобилно банкарство.

    „Со овие пакети се добива современо банкарство во еден пакет по пониска цена од редовните кога поединечно се користат на платежната сметка, дебитната или кредитна картичка, електронското и мобилно банкарство. Клиентите можат да изберат помеѓу КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус“, велат од банката.

    Секој КБ пакет може да се активира со пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Оние кои немаат сметка во банката, можат да ја отворат онлајн со електронска идентификација, а пакетот се активира при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

    КБ Стандард ги нуди најважните банкарски услуги за секој ден: платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка. Целиот пакет те чини 70 денари месечно.

    Со КБ Плус се добива платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, три бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Комерцијална банка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, бесплатна обнова на дебитната картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати, можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка и три бесплатни проверки во месецот на состојба преку банкомат на Банката. Овој пакет чини 120 денари месечно.

    КБ Бонус покрај редовните услуги, како што се платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка се добиваат неограничен број на проверка на состојба преку банкомат на Комерцијална банка, пет бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Банката, бесплатна обнова на дебитната картичка и бесплатна промена на ПИН. Сите овие поволности чинат 190 денари месечно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира