СОЦИЈАЛИСТИТЕ ГИ ПОБЕДИЈА СЕПАРАТИСТИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАТАЛОНИЈА

    СОЦИЈАЛИСТИТЕ ГИ ПОБЕДИЈА СЕПАРАТИСТИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАТАЛОНИЈАПредводени од бившиот министер за здравство Салвадор Иља, социјалистите станаа најголемата партија во регионот (Фото: ЕПА)

    Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчес победи на регионалните избори во Каталонија, додека сепаратистите изгубија значаен број гласачи. Предводени од бившиот министер за здравство Салвадор Иља, каталонските социјалисти обезбедија 42 пратеници, додека поддршката за независноста се намали од 49% во 2017 на 42%.

    Во предизборната кампања, некои партии го ставија во втор план прашањето за врската на Каталонија со остатокот на Шпанија, додека регионот се соочува со големи проблеми, како суша и криза на домувањето.

    Тврдокорната партија Заедно за Каталонија заврши на второто место со 35 места во регионалниот парламент, враќајќи го статусот на главната сила која се залага за отцепување. Сепак, националистичките партии изгубија поддршка и веќе не го контролираат регионалниот парламент.

    За Санчес, овие изборни резултати ќе значат оправдување на неговите политики во Каталонија, вклучувајќи го контроверзниот закон за амнестија, со кој националистите ќе се спасат од судски прогон за нивните сепаратистички активности. Ова се однесува и на некогашниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, кој водеше кампања од егзилот во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира