РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО ХАРКИВСКИОТ РЕГИОН, СЕ ВОДАТ БОРБИ НА ПЕРИФЕРИЈАТА НА ГРАДОТ ВОВЧАНСК

    РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО ХАРКИВСКИОТ РЕГИОН, СЕ ВОДАТ БОРБИ НА ПЕРИФЕРИЈАТА НА ГРАДОТ ВОВЧАНСКВовчанск е речиси целосно евакуиран (Фото: Киев индепендент)

    Руските трупи кои го напаѓаат североисточниот украински регион Харкив стигнале до периферијата на пограничниот град Вовчанск, каде што веќе се водат пешадиски борби. Шефот на полицијата на Харкив, Володимир Тимошко, изјави дека Русите напаѓаат од три страни.

    По долготрајните борби на југот и истокот на Украина, руските сили во петокот отворија нов фронт откако ја преминаа границата и упаднаа во харкивскиот регион. Вовчанск, кој речиси целосно е евакуиран, се наоѓа само четири километри од руската граница, односно 45 километри од градот Харкив.

    Градот е сѐ уште наш. Русите се на периферијата, но и ние се бориме и ќе се бориме за секој метар. Нашите момци беа окружени, но успеавме да ги извлечеме и потоа поставија одбранбена линија долж улицата“, изјави еден украински војник.

    Украинската војска потврди дека Русите оствариле тактички успеси, додека руската војска објави дека зазела најмалку девет погранични села во Харкив.

    Најголемиот дел од руските напади е насочен кон Вовчанск и градот Липци, оддалечен 7,5 километри од границата. Руските дронови постојано летаат над Вовчанск и бомбардираат“, изјави портпаролот на украинската војска Назар Волошин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира