„Алкалоид“ доби две признанија по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, соопшти компанијата.
„Алкалод“ е наградена за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени, и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.
„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, рече на настанот членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев.
Настанот беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа.