ГРЧКАТА „ЕЈЏИЈАН“ ГО УКИНА НАЈАВЕНИОТ ЛЕТ СКОПЈЕ-КРФ И ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ КОН АТИНА

    ГРЧКАТА „ЕЈЏИЈАН“ ГО УКИНА НАЈАВЕНИОТ ЛЕТ СКОПЈЕ-КРФ И ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ КОН АТИНА„АТР46“ на „Олимпик“, која е подружница на „Ејџијан“, снимен на Скопскиот аеродром (Фото: СДК.МК)

    „Ејџијан ерлајнс“ ја прекина продажбата на билети за најавениот нов лет од Скопје за Крф, што требаше да почне во јуни со линијата Атина-Скопје-Крф-Скопје-Атина објави специјализираната веб страница за авиосообраќај „ексјуавиејшн“.

    Летовите требаше да се одвиваат двапати неделно, во вторник и сабота.

    Во ревидираниот распоред на „Ејџијан“ овие неделни летови се целосно укинати и тие два дена ќе ги нема ни летовите од Атина за Скопје. На тој начин сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира