Еден патник почина, а повеќе од 30 се повредени во авион на „Сингапур ерлајнс“, откако лет од Лондон до Сингапур бил погоден од силна турбуленција. Авионот „боинг 777-300 ЕР“ бил пренасочен кон Бангкок и таму слетал во 15:45 часот по локално време.
Компанијата соопшти дека во авионот имало 211 патници и 18 членови на екипажот.
„Можеме да потврдиме дека едно лице смртно настрада и дека има повредени во авионот“, објави „Сингапур ерлајнс“.
Оттаму не ја кажаа точната бројка на повредени, но тајландските медиуми објавија дека се над 30. Повеќе амбулантни возила го пречекаа авионот на аеродромот „Суварнабуми“.