СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК ВО БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА И ПРЕД СЕКОЈА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА

    СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК ВО БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА И ПРЕД СЕКОЈА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНАЗа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да биде ставен на дневен ред гласаа сите советници, со исклучок на советничката на ДУИ која беше против. (Фото: СДК.МК)

    Државната химна „Денес над Македонија се раѓа“ ќе се интонира секој понеделник во основните и средните училишта во Битола, како и на почетокот на секоја седница во општинскиот Совет. Ова денес во Советот го предложи советникот од ВМРО-ДПМНЕ Михајло Вангелов.

    „Со ова децата ќе изразат искрена почит кон таковината со една цел да се подигне националното чувство и љубовта на учениците кон својата земја, Република Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, рече Вангелов.

    За неговиот предлог да биде ставен на дневен ред гласаа сите советници, со исклучок на советничката на ДУИ која беше против.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира