ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА СРЕДБА СО ПАПАТА ФРАЊО ВО ВАТИКАН

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА СРЕДБА СО ПАПАТА ФРАЊО ВО ВАТИКАНПретседателката Сиљановска-Давкова на папата Фрањо му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.(Фото: Кабинет на Претседателката на РСМ)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на посетата на Ватикан денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо. Посетата е во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

    Како што соопшти нејзиниот кабинет, претседателката на средбата изразила уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага „за продлабочување на севкупните односи со Светата Столица, заради јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“.

    Претседателката Сиљановска-Давкова и папата Фрањо ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

    На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска-Давкова на папата му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

    По аудиенцијата кај папата, во изјава за медиумите претседателката Сиљановска-Давкова кажа дека на средбата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија и поддршката на Ватикан на Западен Балкан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира