„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН, ПРИКАЗНА ЗА МАСАКРОТ ВО ШТРПЦИ, БОСНА, ВО 1993

    „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН, ПРИКАЗНА ЗА МАСАКРОТ ВО ШТРПЦИ, БОСНА, ВО 1993Небојша Слијепчевиќ е режисер и сценарист на филмот (Фото: Икс)

    Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ стана првиот хрватски филм кој освоил Златна палма на Канскиот фестивал. Овој филм победи во конкуренција на најдобри краткометражни филмови.

    Филмот е снимен во копродукција со Бугарија, Франција и Словенија, а во актерската екипа се Горан Богдан, Алексис Маненти и Драган Миќановиќ.

    Заснован врз вистински настан, дејството се случува во 1993 година на малата железничка станица во Штрпци, БиХ, кога паравоени сили запираат патнички воз на релацијата Белград-Бар. Додека одведуваат невини цивили, само еден од 500 патници им се спротивставува.

    Членови на српска паравоена организација влегле во возот на станицата Штрпци во близина на Вишеград, побарале лични карти од патниците и одвеле 18 Босанци и еден Хрват, кои потоа ги мачеле, ги убиле, а телата им ги фрлиле во реката Дрина.

    Фантастично беше искуството што снимавме со меѓународна екипа. Актерите доаѓаат од многу земји, како Горан Богдан од Хрватска, Алексис Маненти од Франција и Драган Миќановиќ од Србија, кои сите се многу букирани. Подобро не можеше да биде“, изјави Слијепчевиќ.

    Претходно, само уште еден хрватски филм беше во главната натпреварувачка програма во Кан, „Чао мама“ на Горан Одворчиќ во 2009.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира