Едно лице почина откако бил вовлечен во вклучен мотор на патнички авион „КЛМ“ на аеродромот Шипхол во Амстердам. Инцидентот се случил вчера попладне додека авионот се подготвувал да лета за Билунд, Данска. Авиокомпанијата соопшти дека во тек се разговори со екипажот и патниците, Воената полиција на Холандија исто така соопшти дека започнала истрага.
„Починатиот сè уште не е идентификуван и прерано е да се каже дали станува збор за несреќен случај или самоубиство“, изјави портпарол на авиокомпанијата.
Повеќе холандски медиуми објавија дека жртвата можеби е вработен кој бил на пистата зад авионот ред да полета.
Шипхол е еден од најпрометните аеродроми во Европа. Минатата недела беше актуелен кога американската пејачка Ники Минаж беше уапсена таму.
Речиси 5,5 милиони патници го користеле аеродромот минатиот месец, според неговата веб-страница.