ВЕНЕЦИЈА ЗАБРАНИ МЕГАФОНИ, ВО ТУРИСТИЧКА ГРУПА МОЖЕ ДА ИМА НАЈМНОГУ 25 ЛИЦА

    ВЕНЕЦИЈА ЗАБРАНИ МЕГАФОНИ, ВО ТУРИСТИЧКА ГРУПА МОЖЕ ДА ИМА НАЈМНОГУ 25 ЛИЦАМерките се воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град. (Фото: Гети)

    Во Венеција стапи на сила забраната за користење мегафони, а во туристичките групи  смее да има најмногу 25 лица. Според властите, мерките се воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, едно од најпосетуваните во Европа. Претходно годинава, Венеција воведе дневна влезна такса од 5 евра.

    Прекумерниот туризам се смета за едно од најитните прашања за Венеција, која има околу 250.000  жители и регистрираше повеќе од 13 милиони туристи во 2019. Оттогаш бројот на туристи опадна, но се очекува во наредните годиони да ги надминат нивоата пред пандемијата.

    Здружението на граѓани Оцио објави дека во историскиот кварт имало околу 49.000 легла за изнајмување на туристите, што е повеќе од достапните легла за жителите.

    Промените во правилата за туризам доаѓаат откако експертите од УНЕСКО минатата година предупредија дека Венеција може да биде додадена на списокот на загрозени места на светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира