НОВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ МЕЛАНОМ ГО ПРЕПОЛОВУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ ИЛИ ВРАЌАЊЕ НА БОЛЕСТА

    НОВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ МЕЛАНОМ ГО ПРЕПОЛОВУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ ИЛИ ВРАЌАЊЕ НА БОЛЕСТАОвој вид на рак годишно погодува повеќе од 150.000 луѓе во светот (Фото: ПА)

    Првата персонализирана вакцина против меланом со информациска РНК го преполовува ризикот од смрт или враќање на болеста, покажуваат резултатите од тестирањето, што лекарите ги опишаа како исклучително позитивни. Овој вид на рак годишно погодува повеќе од 150.000 луѓе во светот, според податоците од 2020.

    Пациентите кои ја примиле вакцината по отстранувањето на меланом во третиот или четвртиот стадиум имале 49% помал ризик од смрт или враќање на болеста по три години, покажаа податоците презентирани на најголемата светска конференција за рак.

    Онкологот Џорџина Лонг, која беше главен истражувач во студијата, вели дека просечниот ризик за враќање на болеста по операцијата од меланом во напредна фаза е 50%, и тоа уште во првите две години.

    Во тестирањето учествувале 157 пациенти, при што дел од нив ја примиле вакцината развиена од „Модерна“ и „Мерк“, заедно со имунотерапија, а други го добиле само второто.

    Вакцината и имунотерапијата го намалиле ризикот за враќање на болеста за 25% и овие резултати беа сигнал дека е потребно поголемо тестирање“, кажа Лонг.

    Позната како мРНА-4157, вакцината се прилагодува на секој пациент одделно и му кажува на телото да ги убие сите преостанати канцерогени клетки и да го спречи враќањето на болеста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира