ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ И НАД 3.000 ЕВАКУИРАНИ ВО ГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ ВО ЈУЖНА ГЕРМАНИЈА

    ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ И НАД 3.000 ЕВАКУИРАНИ ВО ГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ ВО ЈУЖНА ГЕРМАНИЈАПостојаните поројни дождови предизвикаа излевање на реки и големи поплави викендов (Фото: АП)

    Телото на жена е извлечено од потопен автомобил во Баварија, со што бројот на жртвите на големите поплави во јужна Германија порасна на пет. Останатите загинати се пронајдени вчера и во неделата, од кои тројца во поплавени подруми.

    Постојаните поројни дождови предизвикаа излевање на реки и големи поплави викендов. Иако ситуацијата се смирува во југозападна Германија, нивото на водата останува високо во делови од Баварија, особено на Дунав и во југоисточната област Розенхајм. Некои железнички линии, меѓу кои и неколку кон Минхен, и натаму се во прекин.

    Полицијата кажа дека петтата жртва е пронајдена во гратчето Маркт Ретенбах, и тоа во возило кое излетало од патот, по што било потопено.

    Канцеларот Олаф Шолц вчера го посети погодениот регион и предупреди дека земјата мора подобро да се подготви за природните катастрофи предизвикани од климатските промени.

    Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани поради поплавите и овој број би можел да расте. Ситуацијата останува сериозна“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира