ВО КАПЕЛА ОТКРИЛЕ ДЕКА Е ЖИВА АМЕРИКАНКАTA ПРОГЛАСЕНА ЗА МРТВА ВО ДОМ ЗА СТАРИ

    ВО КАПЕЛА ОТКРИЛЕ ДЕКА Е ЖИВА АМЕРИКАНКАTA ПРОГЛАСЕНА ЗА МРТВА ВО ДОМ ЗА СТАРИКонстанс Гланц била прогласена за мртва од персоналот во блискиот дом за стари лица околу два часа пред да биде однесена во погребално (Фото: Гети)

    Жена во Небраска првично беше прогласена за мртва во дом за стари лица, но подоцна беше откриено дека жива ја однеле во капела, потврдија властите.

    Во понеделникот бил упатен итен повик од персоналот на погребалното претпријатие во Вејверли, во близина на Линколн, кои забележале дека 74-годишната жена сè уште дише.

    Констанс Гланц била прогласена за мртва од персоналот во блискиот дом за стари лица околу два часа претходно.
    Таа од капелата потоа била пренесена во локална болница. Полицијата го истражува инцидентот, но вели дека не нашла докази за криминална намера во домот.

    Судскиот лекар не бил испратен во старскиот дом затоа што Гланц била сместена во хоспис. Смртта на Гланц била очекувана. Лекар ја видел во последните седум дена и бил спремен да ја потпише умреницата затоа што во моментот на смртта немало ништо сомнително.

    Гланц не е единствената личност која е прогласена за мртва по грешка.  Во јуни минатата година, 76-годишната Бела Монтоја во Еквадор беше прогласена за мртва по сомнителен мозочен удар, ставена во ковчег и одведена во погребално. Пет часа подоцна, беше откриено дека таа е жива, откако ковчегот беше отворен за да се пресоблече. Меѓутоа, таа умрела неколку дена подоцна.

    Во 2018, една Јужноафриканка која првично беше прогласена за мртва по сообраќајна несреќа беше откриена жива во мртовечница. Д-р Стивен Хјуз, виш предавач по медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот Англиа Раскин во Челмсфорд, рече дека таквите случаи се ретки, но дека „смртта е процес“.

    „Понекогаш некој може да изгледа како да е мртов, но не е сосема мртов“, изјави д-р Хјуз за Би-Би-Си.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира