ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ ТРНОВО И МАГАРЕВО ОСТАНА УНИШТЕН, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НЕ ГО САНИРА ПО РАБОТИТЕ НА КОЛЕКТОРОТ

    ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ ТРНОВО И МАГАРЕВО ОСТАНА УНИШТЕН, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НЕ ГО САНИРА ПО РАБОТИТЕ НА КОЛЕКТОРОТМесто целосна санација, на патото се ставени само крпеници на одредени места. (Фото: СДК.МК)

    Пред почетокот на туристичка сезона, во лоша состојба е оставен патот меѓу потпелистерските села Трново и Магарево, кој е составен дел од патот што води за Националниот парк Пелистер. Коловозот е нерамен, со големи крпеници, дупки како кратери и изронет е од страните. Делницата е оставена во ваква состојба повеќе месеци, по спроведените градежните активности за поставување колектор за отпадни води.

    Од Општина Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК соопштија дека интервенцијата за колекторот на потегот меѓу селата Трново и Магарево ја спроведуваше Министерството за транспорт и врски, па тоа имаше обврска да го санираат патот. Но, на терен се гледа дека тоа не е напревано во потребната мера, туку се ставени само крпеници на одредени места.

    Од Општината велат дека следната недела тие ќе започнат со целосна реконстукција.

    „Општина презеде активности за целосна реконструкција на коловозот сѐ со цел значително подобрување на условите на тој патен правец, при што е избрана фирма изведувач, а вовед во работа се очекува наредна недела по добивање на одобрение на сообраќаен проект за режим на сообраќајот од страна на СВР Битола“, соопштија од Општината.

    Целокупната должина на реконструкцијата опфаќа 536 метри, започнувајќи од Трафостаницата во село Трново.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира