102-ГОДИШЕН ВОЕН ВЕТЕРАН ПОЧИНА ДОДЕКА ПАТУВАЛ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 80 ГОДИНИ ОД ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈА

    102-ГОДИШЕН ВОЕН ВЕТЕРАН ПОЧИНА ДОДЕКА ПАТУВАЛ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 80 ГОДИНИ ОД ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈАОколу 200 ветерани зедоа учество во денешните церемонии на плажите на Нормандија (Фото: АП)

    102-годишен воен ветеран, кој служел во американската морнарица во Втората светска војна, почина додека одел на одбележувањето на 80-годишнината од Десантот на Нормандија. Роберт Ал Персикити починал во болница во Германија откако му се слошило на бродот со кој патувал за Европа.

    Тој бил избран да учествува на церемонијата во Нормандија од страна на Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс и добил дозвола за патувањето од неговиот кардиолог.

    Околу 200 ветерани, главно Американци и Британци, зедоа учество во денешните церемонии на плажите на Нормандија, каде што на 6 јуни 1944 се истоварија повеќе од 150.000 сојузнички војници во најголемата амфибиска инвазија во историјата. Притоа загинале илјадници војници од Велика Британија, САД, Канада и други нации, како и нивни германски непријатели.

    На одбележувањето присуствуваа и Џо Бајден, Емануел Макрон, Риши Сунак, кралот Чарлс, принцот Вилијам и Володимир Зеленски. Бајден притоа испрати страстен повик за одбрана на демократијата и слободата и кажа дека денешната борба на Украинците против руската агресија го доловува духот на Денот Д.

    Бидејќи бројот на живите ветерани се намалува, од кои повеќето имаат 100 и повеќе години, ова веројатно беше последната голема церемонија во Нормандија со нивно присуство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира