ПО ТРИ МЕСЕЦИ ПРОРАБОТЕА ПЛАНЕТАРИУМОТ И БИФЕТО ВО МКЦ

    ПО ТРИ МЕСЕЦИ ПРОРАБОТЕА ПЛАНЕТАРИУМОТ И БИФЕТО ВО МКЦВторото издание на Фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи на 8 и 9 јуни во МКЦ. (Фото: МКЦ)

    После три месеци, повторно се во функција програмските содржини во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, ни рече директорот Арбен Бени Шаќири.

    „Сѐ е е во функција, се враќаме во нормала“, вели директорот.

    Поради парламентарните и претседателски избори,  на 1 март договорите за хонорарни вработувања, според правилникот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) беа прекинати до завршување на изборниот процес. Три месеци не функционираа Детскиот креативен центар (ДКЦ), Планетариумот, бифето, па публиката на концертите си носеше пијачки од дома.

    Шаќири тогаш кажа дека после изборите и кога ќе биде дозволено според законските прописи, повторно ќе бидат со работен ангажман хонорарно ангажираните лица од МКЦ во Скопје на кои не им се продолжија договорите, а кои се непоходни за редовното функционирање на институцијата.

    Директорот тогаш рече дека се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и изборниот законик според член 8-а, упатено до сите институции. Тој додаде дека апсолутно не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку се работи исклучиво за придржување и почитување на законските прописи согласно изборниот законик кој стапува на сила од денот на распишување на претседателските и парламентарните избори 2024.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира