100-ГОДИШЕН ВЕТЕРАН ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НАПРАВИ СВАДБА БЛИЗУ ПЛАЖИТЕ ОД ДЕНОТ Д ВО НОРМАНДИЈА

    100-ГОДИШЕН ВЕТЕРАН ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НАПРАВИ СВАДБА БЛИЗУ ПЛАЖИТЕ ОД ДЕНОТ Д ВО НОРМАНДИЈАДвојката се венчаше во градската куќа во Карентан, француско гратче кое што беше сцена на жестоки борби на почетокот на инвазијата на сојузниците на 6 јуни 1944 година. (Фото: Пипл)

    100-годишен ветеран од Втората светска војна направи свадба близу плажите во Франција, каде што пред 80 години се истоварија сојузничките војници на Денот Д. Харолд Теренс, 100-годишен ветеран на Американското воено воздухопловство, кажа дека тоа му е најубав ден во животот. Тој се ожени со 96-годишната Џини Сверлин во саботата.

    На пат кон свадбената церемонија, невестата кажа: „Љубовта не е само за млади луѓе. И ние имаме пеперутки“.

    Таа, исто така, кажа дека нејзиниот сопруг е најдобар бакнувач.

    Двојката се венчаше во градската куќа во Карентан, француско гратче кое што беше сцена на жестоки борби на почетокот на инвазијата на сојузниците на 6 јуни 1944 година. Нацистичка Германија капитулираше една година подоцна.

    Заедно со други градови и села покрај францускиот брег на северот, во Карентан се одржуваат настани за одбележување на 80-годишнината од истоварувањето на 160.000 сојузнички војници на пет плажи во Нормандија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира