Температурите ќе растат следната недела ширум земјата и метеоролозите предвидуваат и до 40 степени на некои места.
„До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму додаваат дека во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Истовремено, се очекува прашина од Сахара во вторник и среда. Жешкиот бран, за кој не се знае до кога ќе трае, доаѓа од Алжир, Тунис и Либија во северна Африка.