САД ЈА УКИНАА ЗАБРАНАТА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА АЗОВСКА БРИГАДА

    САД ЈА УКИНАА ЗАБРАНАТА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА АЗОВСКА БРИГАДААзовска бригада сега е дел од украинската Национална гарда (Фото: АП)

    САД ја укинаа долготрајната забрана за снабдување со оружје и обука на контроверзната украинска Азовска бригада, чии корени се поврзуваат со крајнодесничарски групи, а подоцна се прослави со одбраната на Мариупол. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека американски проверки не пронашле докази дека бригадата крши човекови права.

    Азовска бригада, која сега е дел од украинската Национална гарда, го поздрави потегот, додавајќи дека руските лаги доживеале уништувачки удар. Москва пак ја осуди одлуката, при што портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги обвини САД дека флертуваат со неонацисти.

    Русија преку дезинформации се обидува да ја поврзе 12. бригада на специјални сили Азов, која сега е дел од Националната гарда на Украина, со милиција наречена Азовски баталјон, формирана да ја брани Украина од руската инвазија во 2014“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

    Според законот „Лихи“, донесен во 1997 година, странски воени единици кои извршиле грубо кршење на човекови права не смеат да добиваат американска воена помош.

    Волонтерскиот баталјон Азов беше создаден во мај 2014 за да се бори против проруските сепаратистички сили во источниот регион Донбас. Некои членови на оригиналниот баталјон беа поврзани со тогашни крајнодесничарски и ултранационалистички групи, поради што Вашингтон му забрани да добива американско оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира