ДЕЖУРНА СЛУЖБА ВО СОБРАНИЕТО ГО ЧЕКА ПРЕДЛОГОТ НА МАНДАТАРОТ ЗА НОВА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕЖУРНА СЛУЖБА ВО СОБРАНИЕТО ГО ЧЕКА ПРЕДЛОГОТ НА МАНДАТАРОТ ЗА НОВА ВЛАДА

    Во Собранието вечерва соодветна служба чека да го заведе предлогот на мандатарот за нова влада, според одребите од Деловникот, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниски извори.

    Денес на полноќ истекува законскиот рок за поднесување на програмата за работа и за новиот состав на Владата до Собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски до полноќ треба да го поднесе составот на новата влада и програмата за работа.

    Кога мандатарот ќе го достави предлогот за нова влада до Парламентот , претседавачот на конститутивната седница на новиот Парламент која започна на 30 декември и на која беа верификувани мандатите на пратениците, ќе закаже продолжување на  седницата. На дневен ред се изборот на  собраниската Комисија за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.

    Прво се формира собраниската Комисија за изборите и именувањата, која  на Собранието ќе му предложи кандидат или кандидати за претседател на Собранието. Кога ќе се избере новиот претседател на Собранието, завршува конститутивната седница и новиот претседател закажува нова седница со точка на дневен ред избор на нова влада.

    Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

    Во меѓувреме и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во седиштето на ДУИ во Мала Речица се одржуваат состаноци на највисоките партиски тела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира