Триесет и шестогодишна жена од Кратово е осомничена дека извршила двојно убиство, откако ги убила нејзините сопруг и свекор. Убиството го извршила синоќа околу 22 часот во семејната куќа во Кратово, по што била приведена во полиција.
„В. И. (36) од Кратово се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј. И. (38) и неговиот татко С. И. (63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В. И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.
С. НИКОЛИЌ