ПУТИН ГИ ИЗНЕСЕ СВОИТЕ УСЛОВИ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ПРЕД МИРОВНИОТ САМИТ ВО ШВАЈЦАРИЈА

    ПУТИН ГИ ИЗНЕСЕ СВОИТЕ УСЛОВИ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ПРЕД МИРОВНИОТ САМИТ ВО ШВАЈЦАРИЈАПутин побара од Украина целосно да се повлече од регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон (Фото: Гети)

    Владимир Путин побара од Украина да се откаже од аспирациите за членство во НАТО, да предаде територии и да ја повлече војската подлабоко на својата територија како услови за крај на војната. Тој ги изнесе своите услови додека претставници на повеќе од 90 држави се собираат во Швајцарија за претстојниот мировен самит, на кој Русија не е поканета.

    Зборувајќи пред дипломати во руското министерство за надворешни работи, Путин јавно ги ажурираше своите услови за крај на војната за првпат откако нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022, кога бараше промена на режимот во Киев и демилитаризација на земјата.

    Путин побара од Украина целосно да се повлече од регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, што тој илегално ги анектираше, прогласувајќи ги за руска територија.

    Штом Киев изрази подготвеност да го спроведе повлекувањето од овие региони и формално да се откаже од плановите за членство во НАТО, ние моментално, во иста секунда, ќе наредиме примирје и ќе почнеме преговори“, изјави Путин.

    Како предуслов за примирје, тој бара од западот да ги укине сите санкции против Русија, што САД и ги проширија оваа недела.

    Тука нема ништо ново, нема вистински мировни предлози, нема желба да се заврши војната. Сето ова е навредливо“, порача Михајло Подољак, советник на претседателот Зеленски.

    Путин го отфрли претстојниот мировен самит, велејќи дека е обичен трик за одвраќање внимание.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира