ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ПОКАЖА ХРАБРОСТ И ОПТИМИЗАМ И СРЕДЕ ХЕМОТЕРАПИИТЕ СЕ ПОЈАВИ НА ЈАВЕН НАСТАН

    ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ПОКАЖА ХРАБРОСТ И ОПТИМИЗАМ И СРЕДЕ ХЕМОТЕРАПИИТЕ СЕ ПОЈАВИ НА ЈАВЕН НАСТАНВојвотката од Велс со семејството учествуваше во годишната парада Поздрав на боите, со која се одбележува роденденот на кралот (Фото: АП)

    Британското кралско семејство вчера се обедини на балконот на Бакингамската палата откако принцезата Кејт се појави на првиот јавен настан оваа година, односно откако во јануари беше објавено дека била на сериозна операција на стомакот, што беше следено од веста во март дека се лекува од рак.

    Кејт се појави на јавен настан за првпат од декември (Фото: АП)

    Војвотката од Велс учествуваше во годишната парада Поздрав на боите, со која се одбележува роденденот на кралот, при што се возеше и во кочија со своите три деца, додека насмеана им отпоздравуваше на илјадници луѓе кои стрпливо чекаа на силниот дожд. Во симболичен израз на единство, кралот Чарлс, кралицата Камила, Вилијам, Кејт и нивните деца им се придружија на други членови на кралското семејство на балконот на Бакингамската палата на крајот на парадата.

    Британските медиуми го опишаа нејзиното појавување како знак на охрабрување и оптимизам за британската нација.

    Пред да потврди дека ќе се појави на парадата, Кејт даде нови информации за својата здравствена состојба, велејќи дека „сѐ уште не е целосно на сигурно“, додека продолжува со хемотерапиите.

    Кејт со синот Луј (Фото: АП)

    Учам да бидам стрплива, особено со неизвесноста. Си го слушам телото и го одвојувам толку потребното време за заздравување и одмор. Добро напредувам, но имам и добри и лоши денови“, кажа Кејт, додавајќи дека лекувањето ќе трае уште неколку месеци.

    Бакингамската палата никогаш не објави од каков вид на рак се лекува.

    Спротивно на традицијата, и кралот Чарлс вчера се возеше во кочија, место да јава коњ, зашто и тој и среде лекување од рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира