Еколошки активисти испрскаа делови од древниот Стоунхенџ со портокалова боја во прав. Ова се случи неколку дена пред одбележувањето на долгодневицата на 5.000 години стариот локалитет кој е под заштита на УНЕСКО.
Акцијата ја изведоа двајца активисти на организацијата „Just Stop Oil“, кои се уапсени, објави полицијата. Тие се обвинети за оштетување на древниот споменик.
Британскиот премиер Риши Сунак го осуди инцидентот како срамен чин на вандализам.
Од организацијата кажаа дека портокаловиот прав бил пченкарно брашно, што ќе се измие на дожд.