КООРДИНИРАНИ НАПАДИ ВРЗ СИНАГОГА И ЦРКВА ВО РУСКАТА РЕПУБЛИКА ДАГЕСТАН, НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА УБИЕНИ

    КООРДИНИРАНИ НАПАДИ ВРЗ СИНАГОГА И ЦРКВА ВО РУСКАТА РЕПУБЛИКА ДАГЕСТАН, НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА УБИЕНИСнимките објавени на социјалните мрежи покажуваат група вооружени напаѓачи во престрелка со полицијата (Фото: Икс)

    Најмалку шестмина полицајци и еден свештеник се убиени во координиран напад врз синагога, православна црква и полициска станица во руската република Дагестан.

    Официјални лица кажаа дека е нападната синагога во градот Дербент, кој е дом на древна еврејска заедница во доминантно муслиманскиот регион. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат група вооружени напаѓачи во престрелка со полицијата. Синагогата, која е под заштита на УНЕСКО, е запалена.

    Во Дербент се нападнати и две православни цркви, при што бил убиен 66-годишен свештеник.

    Во исто време била нападната полициска станица во 125 километри оддалечениот главен град на Дагестан, Махачкала.

    Руското министерство за внатрешни работи кажаа дека во инцидентите се убиени и најмалку двајца напаѓачи.

    Вечерва во Дербент и Махачкала непознати луѓе се обидоа да ја дестабилизираат ситуацијата. На пат им застанаа дагестанските полицајци. Според првичните информации, има жртви меѓу нив“, изјави шефот на Дагестан, Сергеј Меликов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира