ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛИ ОТКАКО ТОЈ БЕШЕ КРИТИКУВАН ОД ЗАПОВЕДНИКОТ НА АЗОВСКАТА БРИГАДА

    ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛИ ОТКАКО ТОЈ БЕШЕ КРИТИКУВАН ОД ЗАПОВЕДНИКОТ НА АЗОВСКАТА БРИГАДАЗеленски со генералот Јури Содол (Фото: ЕПА)

    Володимир Зеленски го разреши еден од своите водечки генерали по јавните критики за претерани жртви и обвинувањата за некомпетентност. Генерал-полковникот Јури Содол беше заповедник за здружените украински вооружени сили од почетокот на оваа година.

    Зеленски не ја образложи својата одлука, но само неколку часа порано, заповедникот на Азовската бригада Богдан Кротевич поднесе жалба против Содол во Државното истражно биро, обвинувајќи го дека убил повеќе украински војници од кој било руски генерал.

    Кротевич на Телеграм напиша дека Содол не бил истражуван за загуба на цели региони, десетици градови и илјадници војници. Тој потоа го фалеше генералот Андриј Хнатов, кој дојде на местото на Содол.

    По почетокот на руската инвазија, Содол учествуваше во одбраната на Мариупол и во битките за источниот град Волноваха. Двата града денес се под руска окупација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира