СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ БАЛОНИ НАПОЛНЕТИ СО ЃУБРЕ ЗАТВОРИЈА АЕРОДРОМ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

    СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ БАЛОНИ НАПОЛНЕТИ СО ЃУБРЕ ЗАТВОРИЈА АЕРОДРОМ ВО ЈУЖНА КОРЕЈАВо севернокорејските балони биле пронајдени стара и валкана облека и земја со човечки измет и паразити (Фото: АП)

    Полетувањата и слетувањата на меѓународниот аеродром во Инчеон во Јужна Кореја утрово беа суспендирани на три часа поради севернокорејски балони наполнети со ѓубре. Еден балон слета на асфалтот во близина на патнички терминал, па три писти беа привремено затворени, изјави портпаролот на аеродромот, оддалечен 40 километри од границата со Северна Кореја.

    Северна Кореја од крајот на мај пушта балони со ѓубре кон Јужна Кореја, каде што слетале стотици вакви балони.

    Аеродромот во Инчеон во меѓувреме беше отворен, но неколку патнички и товарни летови беа пренасочени кон други аеродроми.

    Северна Кореја вели дека балоните се одмазда за пропагандната кампања на јужнокорејски активисти, кои редовно пуштаат балони со храна, лекови и пари преку границата. Сеул кажа дека во севернокорејските балони биле пронајдени стара и валкана облека и земја со човечки измет и паразити.

    Војската на Јужна Кореја соопшти дека вчера и денеска околу 100 балони паднале на земја и најголем дел од нив биле наполнети со хартија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира