ФРАНЦИЈА ЗАБРАНИ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ И РАДИКАЛНИ МУСЛИМАНСКИ ГРУПИ ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ

    ФРАНЦИЈА ЗАБРАНИ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ И РАДИКАЛНИ МУСЛИМАНСКИ ГРУПИ ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕНародниот фронт на Ле Пен и Бардела е фаворит на изборите на 30 јуни и 6 јули (Фото: Гети)

    Француската влада нареди распуштање на повеќе крајнодесничарски и радикални муслимански групи, четири дена пред првиот круг на вонредните парламентарни избори, на кои може да дојде до подем на политичките екстремисти.

    Емануел Макрон ги распиша изборите набргу откако стана јасно дека крајната десница победи на изборите за Европскиот парламент, што ја втурна земјата во избрзана и хаотична изборна трка, во која говорот на омраза стана голем проблем.

    Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан изјави дека владата наредила затворање на неколку групи кои шират екстремистичка омраза, додавајќи дека истрагата покажала дека тие се потенцијално насилни. Меѓу нив е групата „ГУД“, позната по антисемитизам, која порано го поддржуваше Народниот фронт на Марин Ле Пен. Оваа партија е фаворит на изборите на 30 јуни и 6 јули, иако исходот останува неизвесен поради сложениот двоетапен гласачки систем и можните политички унии.

    Други забранети групи се „Ле Рампарт“, обвинета за поттикнување омраза, дискриминација и насилство против странците и небелците и „Жонас Пари“, која тврди дека ја поддржува француската муслиманска заедница, но промовира омраза и насилство против немуслиманите, жените и ЛГБТ заедницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира