ГОЛЕМ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ДНИПРО, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИ

    ГОЛЕМ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ДНИПРО, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИВластите кажаа дека во нападот бил погоден и трговски центар (Фото: Телеграм)

    Најмалку пет луѓе загинаа, а 39 се ранети во денешниот руски воздушен напад врз градот Днипро, објавија властите. Регионалниот гувернер Серхиј Лисак изјави дека во нападот се погодени трговски центар и бензинска пумпа, при што избувнале неколку пожари.

    „Русија го нападна Днипро со проектили и дронови. Десетина луѓе се хоспитализирани, од кои двајца се во сериозна состојба“, изјави Лисак.

    Воздушните сили на Украина објавија дека Русија извршила голем напад врз регионот Днипро, при што, меѓу другите, биле соборени четири крстосувачки проектили „искандар“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира