Реформистот Масуд Пезешкијан е избран за нов претседател на Иран, победувајќи го својот конзервативен ривал Саед Џалили. Пезешкијан беше прогласен за победник откако обезбедил 53,3% од повеќе од 30 милиони гласови.
Изборите беа свикани откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во мај.
Седумдесет и едногодишниот Пезешкијан, кој по професија е кардиохирург, е критичен кон озлогласената иранска полиција за морал и вети дека ќе стави крај на изолираноста на земјата од светот. Тој исто така повика на конструктивни разговори со западните сили околу обновата на нуклеарниот договор од 2015, со кој беше ограничена иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на западните санкции.
Излезноста во вториот круг беше 50%, значително повеќе отколку во првиот круг, при што се верува дека многумина излегле на гласање со цел да се спречи победата на порадикалниот кандидат Џалили.