НАД 50 ПОЛИТИЧАРИ И АКТИВИСТИ НАПАДНАТИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО ФРАНЦИЈА, СЕ СТРАВУВА ОД НАСИЛСТВА И ПО УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИ

    НАД 50 ПОЛИТИЧАРИ И АКТИВИСТИ НАПАДНАТИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО ФРАНЦИЈА, СЕ СТРАВУВА ОД НАСИЛСТВА И ПО УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИПо утрешните избори се очекува РН да стане најголемата партија во парламентот за првпат досега (Фото: Гети)

    Повеќе од 50 политичари и активисти биле нападнати во избрзаната и на моменти насилна предизборна кампања во Франција, која заврши вчера, при што политичките лидери упатија остри апели пред утрешното клучно гласање, на кое се очекува победа на крајната десница. Премиерот Габриел Атал синоќа кажа дека крајнодесничарска влада може да покрене омраза и насилство во земјата, додека лидерот на Националниот собир (РН), Жордан Бардела, ги обвини своите ривали за неморално, противдемократско однесување и ги повика гласачите да се мобилизираат со цел неговата партија да го освои посакуваното мнозинство.

    Тензиите во земјата пораснаа откако РН во првиот круг минатиот викенд освои 33% гласови. Политичката клима е толку вжештена, што околу 30.000 полицајци ќе бидат распоредени низ Франција утревечер, од кои 5.000 во Париз и околината, поради страв од насилства по одржувањето на вториот круг од парламентарните избори.

    Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан изјави дека во изминатите денови имало 51 вербален и физички напад врз политичка основа, чија мета биле кандидати на изборите, нивни заменици или партиски активисти. Меѓу нападнатите е и портпаролката на владата Приска Тевено, која има потекло од Маврициус.

    Исто така, еден екстремистички медиум објави листа на речиси 100 адвокати кои треба да бидат елиминирани откако потпишале отворено писмо против РН.

    Оваа кампања е кратка, а имаше повеќе од 50 напади врз политичари и активисти. Повеќе од 30 лица се уапсени, вклучувајќи милитанти од крајната десница и крајната левица“, изјави Дарманан.

    По неделните избори се очекува РН да стане најголемата партија во парламентот за првпат досега, без разлика дали ќе го достигне потребното мнозинство од 289 пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира