ВЕТЕРНИЦАТА НА КАБАРЕТО „МУЛЕН РУЖ“ ПОВТОРНО ГИ ДОБИ ПЕРКИТЕ ОТКАКО НЕОБЈАСНИВО ПАДНАА ВО АПРИЛ

    ВЕТЕРНИЦАТА НА КАБАРЕТО „МУЛЕН РУЖ“ ПОВТОРНО ГИ ДОБИ ПЕРКИТЕ ОТКАКО НЕОБЈАСНИВО ПАДНАА ВО АПРИЛНесреќата се случи после затворањето, па немаше повредени (Фото: СДК.МК)

    Црвената ветерница на славното кабаре „Мулен руж“ во Париз повторно ги доби перките, на специјална церемонија на која се играше кан-кан на локалниот плоштад. Перките од едно од обележјата на Париз необјасниво паднаа во април годинава, при што немаше повредени, а и самиот објект не беше загрозен.

    Дел од осветлениот знак на кабарето исто така падна во инцидентот, за кој неговиот директор кажа дека бил резултат на технички проблем.

    За среќа, ова се случи после затворањето, некаде меѓу два и три часот, па немаше повредени. Секоја недела, нашите технички тимови го проверуваат механизмот на ветерницата и досега не забележале никакви проблеми“, изјави претставник на „Мулен руж“ по несреќата, која се случи на 26 април.

    Ветерницата првпат била осветлена на 6 октомври 1889 на отворањето на „Мулен руж“ и ова беше прв инцидент оц ваков тип.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира