Доктор Оливер Зафировски е нов директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, објави тој на својот фејсбук профил. Д-р Зафировски доаѓа на местото на досегашниот директор, д-р Дејан Докиќ.
Д-р Зафировски над 30 години работеше на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
„Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди“, вели д-р Зафировски.
Б. НЕСТОРОСКА