РУСИЈА ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ВДОВИЦАТА НА НАВАЛНИ

    РУСИЈА ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ВДОВИЦАТА НА НАВАЛНИОд смртта на нејзиниот сопруг, Навалнаја живее на непозната локација надвор од Русија (Фото: АП)

    Русија издаде налог за апсење на Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални и водечки руски дисидент во егзил. На неа ѝ е одреден двомесечен притвор врз основа на учество во екстремистичка група. Суд во Москва во издаде налогот во отсуство, пет месеци откако Навални ненадејно почина во казнена колонија, за што Навалнаја го обвини Владимир Путин.

    Во Русија, ознаката екстремист вообичаено се однесува на дисиденти и независни граѓански групи и судовите ја изрекуваат за да се спроведе волјата на Кремљ во политички случаи.

    Од смртта на нејзиниот сопруг, Навалнаја живее на непозната локација надвор од Русија со нивните две деца. Реагирајќи на судската одлука, таа на Икс им порача на нејзините поддржувачи да не се осврнуваат на тоа, туку да се фокусираат на поширока кампања против Путин.

    „Владимир Путин е убиец и воен злосторник. Нему местото му е во затвор и тоа не во удобна ќелија со телевизор во Хаг, туку во Русија, во истата казнена колонија во која го уби Алексеј“, кажа Навалнаја.

    Три дена по смртта на Навални, 47-годишната Навалнаја го презеде неговото водство и објави деветминутно видео во кое вети дека ќе го продолжи отпорот против диктаторското владеење на Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира