ПОЧИНА АКТЕРКАТА ШЕЛИ ДУВАЛ, ЅВЕЗДАТА НА ХОРОРОТ „СЈАЕЊЕ“, „ЕНИ ХОЛ“ И „ПОПАЈ“

    ПОЧИНА АКТЕРКАТА ШЕЛИ ДУВАЛ, ЅВЕЗДАТА НА ХОРОРОТ „СЈАЕЊЕ“, „ЕНИ ХОЛ“ И „ПОПАЈ“Со крупните кафеави очи и ретка харизма, Дувал беше впечатлива појава во Холивуд (Фото: Гети)

    Американската актерка Шели Дувал, која се прослави во филмовите „Сјаење“, „Ени Хол“ и „Нешвил“, почина на 75 години, потврди нејзиниот партнер Ден Гилрој.

    Дувал беше прогласена за најдобра актерка на Канскиот фестивал во 1977 за драмата „Три жени“ на Роберт Алтман и за истата улога беше номинирана за британската филмска награда БАФТА. Три години подоцна ја глумеше Олива во филмската адаптација на „Попај“, со Робин Вилијамс во главната улога.

    Таа цели две децении беше надвор од Холивуд и филмот, пред да направи камбек во 2023.

    Дувал во една од најпознатите сцени од „Сјаење“ (Фото: Гети)

    Со крупните кафеави очи и ретка харизма, Дувал беше впечатлива појава во Холивуд. Кариерата ја почнала кај Роберт Алтман во 1970 и тие се обединија пет години подоцна во сатиричната комедија „Нешвил“.

    Нејзината најпозната улога дојде во хорор класикот на Стенли Кјубрик „Сјаење“ од 1977, чие снимање било големо искушение за неа.

    Морав да плачам 12 часа на ден, цел ден, последните девет месеци непрекинато пет или шест дена во неделата“, се присети своевремено Дувал.

    Дувал се прослави со серија значајни класици од 1970-тите, меѓу кои и седум филмови со режисерот Роберт Алтман, кој прв ја открил додека била на колеџ во нејзиниот роден град Хјустон, Тексас. Таа дебитираше во „Брустер Меклауд“, па следеа „Мекејб и г-ѓа Милер“ во 1971, „Крадците како нас“, „Нешвил“, „Бафало Бил и Индијанците“ и „3 жени“.

    Таа играше и во две значајни комедии: „Ени Хол“ од 1977 на Вуди Ален и „Попај“ на Алтман од 1980 со Робин Вилијамс. Нејзината иконична изведба на песната „Му требам“ (He Needs Me) подоцна беше преземена од Пол Томас Андерсон за филмот „Punch-Drunk Love“ од 2002.

    Подоцна основала своја сопствена продукциска компанија, но бројот на улогите значително ѝ се намалил во 1990-тите, а по „Портретот на дама“ од 2002 целосно ја снема од Холивуд на долго време.

    Дувал беше отворена за нејзините здравствени битки, а во американското ток-шоу на д-р Фил во 2016 разговараше за нејзината ментална болест, велејќи: „Многу сум болна. Ми треба помош”. Епизодата беше осудена во јавноста затоа што изгледаше како да искористува ранлива постара личност. Во 2021, една кревка, но среќна Дувал беше интервјуирана од „Холивуд репортер“ и зборуваше за траумата што ја почувствувала работејќи на „Сјаење“, како и за последиците од шоуто на д-р Фил и земјотресите во 1994, кои уништија голем дел од нејзината куќа.

    Дувал го запознала Гилрој, поранешен пејач на „Брекфаст клаб“, во 1989, кога работеа заедно на детско шоу. Таа претходно беше во брак со уметникот Бернард Сампсон и во врска со музичарот Пол Сајмон, кого го запознала додека го снимаше „Ени Хол“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира