БИТОЛА E ПОД ОБЛАК ОД ЧАД, ПОЖАРOT E ДЕЛУМНО ЛОКАЛИЗИРАН

    БИТОЛА E ПОД ОБЛАК ОД ЧАД, ПОЖАРOT E ДЕЛУМНО ЛОКАЛИЗИРАННиз градот се чувствува мирис на чад, а дома влегува напријатна миризба на изгорено. (Фото: СДК.МК)

    Пожарот е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места, соопштија од Кризниот штаб на Општина Битола кој доцна вечерва одржа кординативен состанок. Од штабот кажаа дека сите потребни ресурси за пожарникарите и останатите вклучени во борбата со огнената стихија се обезбедени и има доволна количина на храна и вода.

    Општина Битола изрази посебна благодарност до сите правни и физички лица кои понудија помош со достава на вода за лицата кои вечерва се вклучени во гаснењето на пожарот, но апелира ако некој сака да помогне на било каков начин, да го направи тоа во координација со Кризниот штаб на телефонскиот број 070303725 и 071313275. Пред тоа на социјалните мрежи од одредени групи граѓани се појавија повици за достава на питка вода за лицата кои се борат со огнената стихија, а сите кои сакаат да помогнат да се упатат кон Германските гробишта зашто патот е прооден.

    Сите ангажирани противпожарни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта. Пожарот избувна попладнето околу 16 часот и според изјавите на пожарникарите, постојат сомнежи дека настана од дива депонија. Во гаснењето беше повреден еден пожарникар кој е надвор од животна опасност. Огнот предизвика голема штата на околните ридови на Битола кои во изминатите години беа пошумувани за да ја обноват шумата што изгоре во големите пожари во 2007.

    Цела Битола е прекриена со чад од големиот пожар на ридот над обиколницата. Низ градот се чувствува мирис на чад, а дома влегува напријатна миризба на изгорено. На околните ридови уште се гледаат пламени јазици.

    Иако градот е покриен со облаци чад, сепак мониторинг станицатае на Министерството за животна средна не констатира зголемена концентрација на јаглеродни оксиди. Според нивната интернет страница, шумските пожари предизвикуваат заголемена појава на јаглероден моноксид кој може да предизвика главоболки и замор.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира