ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ОСУДЕН НА СМРТ ВО БЕЛОРУСИЈА, СЛУЧАЈОТ Е ПОВРЗАН СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ОСУДЕН НА СМРТ ВО БЕЛОРУСИЈА, СЛУЧАЈОТ Е ПОВРЗАН СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНАБелоруски доброволци во војната во Украина се борат на страната на Киев против руската инвазија. (Фото: Икс)

    Германски државјанин е осуден на смрт во Белорусија, јави организација за човекови права во земјата. Поранешниот припадник на германскиот Црвен крст беше обвинет за платенички активности, шпионажа, тероризам, создавање екстремистичка организација, уништување сообраќаен објект и нелегално поседување на оружје, муниција и експлозиви, велат од организацијата „Вјасна“.

    Тој е осуден на смрт со стрелање за неговото наводно учество во напад со експлозиви. Пресудата била изречена пред еден месец, но се дознава сега.

    Властите во Минск не ја коментираат пресудата официјално.

    Од германското МНР велат дека знаат за случајот.

    „Министерството за надворешни работи и амбасадата во Минск обезбедија конзуларна поддршка за засегнатото лице и работиме интензивно со белоруските власти во негово име“, велат од германското МНР.

    Активистите за човекови права велат дека неговиот случај е поврзан со воена единица составена од белоруски доброволци, која што во војната во Украина се бори на страната на Киев против руската инвазија. Белорусија официјално е неутрална во конфликтот, но на почетокот на војната Русија изврши инвазија на Украина и од белоруска територија.

    Германецот, кој е од Берлин, е уапсен во ноември 2023 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира