ТРАМП ЗА КАМАЛА ХАРИС КАЖА ДЕКА Е ЛУДА И ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ПРЕТСТАВИ КАКО ДРУГА ВЕРЗИЈА НА БАЈДЕН

    ТРАМП ЗА КАМАЛА ХАРИС КАЖА ДЕКА Е ЛУДА И ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ПРЕТСТАВИ КАКО ДРУГА ВЕРЗИЈА НА БАЈДЕНТрамп кажа дека ќе му биде уште полесно да ја победи Харис на изборите во ноември (Фото: АП)

    Кампањата на Доналд Трамп со недели се подготвувала за Камала Харис во случај Џо Бајден да се повлече од претседателската трка, што тој и официјално го објави синоќа, изјавија извори на „Ројтерс“. Тие велат дека Трамп сега ќе се обиде да ги убеди неодлучните гласачи дека актуелната потпретседателка е вмешана во најголемите проблеми со кои се соочува земјата – имиграциските политики и кризата на животните трошоци.

    Ненадејното повлекување на Бајден и поддршката што ѝ ја даде на Харис ја подигнаа изборната трка на ново ниво само осум дена откако Трамп преживеа обид за атентат. Бајден со недели се бореше со силен притисок да се повлече од изборите и притоа инсистираше дека продолжува со кампањата.

    Таа е копилотот на визијата на Бајден. Ако сакаат да се свртат кон верзијата Бајден 2.0, и да ја стават Камала на изборното ливче, нам секако ни одговара тоа“, изјави еден извор од кампањата на Трамп.

    Иако Харис засега не е официјален кандидат на Демократите, голем број угледни членови на партијата веќе ѝ дадоа поддршка, како Бил и Хилари Клинтон, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, министерот за транспорт Пит Бутиџиџ, сенаторката Елизабет Ворен и конгресменката Александрија Окасио-Кортес.

    Трамп ја навредуваше Харис и на митингот во Мичиген во саботата.

    Дали некогаш сте ја виделе како се смее? Таа е луда. Можете да кажете многу за некого според тоа како се смее. Таа е луда“, кажа Трамп.

    По објавата на Бајден дека се повлекува, Трамп нагласи дека ќе му биде уште полесно да ја победи Харис на изборите во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира