НАИМ ИСМАИЛИ ОД БЕСА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО, ОТКАКО БЕСАР ДУРМИШИ СТАНА МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА

    НАИМ ИСМАИЛИ ОД БЕСА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО, ОТКАКО БЕСАР ДУРМИШИ СТАНА МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈАЗа изборот на Исмаили гласаа 19 советници од БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Алтернатива, а 11 беа воздржани.

    Наим Исмаили, досегашен советник од редовите на БЕСА, денеска е избран за претседател на Советот на Општина Тетово. Тој доаѓа на местото на Бесар Дурмиши, кој со формирањето на новата Влада стана министер за економија. Од неговото назначување за министер, па до изборот на нов претедавач, последните две седници на Советот ги водеше д-р Ратко Давидовски, како највозрасен советник.

    На седницата за изборот на Исмаили гласаа 19 советници од БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Алтернатива, а 11 беа воздржани.

    „Позицијата претседател на Советот за мене не е привилегија туку напротив, е задача која ќе ја извршувам, а при тоа почитувајќи ја слободата на изразувањето, земајќи ги во предвид критиките, советите и позитивните сугестии, без да правам разлика на политичка и етничка припадност на колегите советници од позицијата или опозицијата на Советот“, рече Исмаили при обраќањето по повод неговиот избор за претседавач на Советот.

    Наим Исмаили е роден 1970, завршил Економски факултет, Катедра за банкарство, финансии и сметководство во Косово. Од 1991 во приватниот сектор.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира