СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА 20-ТЕ ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА 20-ТЕ ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИДел од новите заменици министри во галеријата на пленарната сала во Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Новата влада се комплетираше денеска, откако Собранието попладнево на 11. Седница ги избра замениците министри во Владата, „за“ гласаа 76 пратеници, „против“ беа 16 и немаше воздржани.

    За заменик-министер за внатрешни работи беше избран Астрит Исеини кој е вонреден професор на Тетовскиот универзитет и на Факултетот за биотехнички науки во Битола, откако завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а потоа се стекнал со титулата доктор на науки по кинезиологија.

    Зоран Димитровски, долгогодишен новинар и поранешен заменик-министер за локална самоуправа, беше избран за заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија.

    Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески беше избран за заменик-министер за економија и труд, а поранешната пратеничка Ане Лашкоска за заменик-министер за животна средина и просторно планирање.

    Новите заменици министри, по ресори:

    • заменик-министер за одбрана – Елфет Исмаили, дипломиран економист
    • заменик-министер за внатрешни работи – Астрит Исеини, доктор на науки по кинезиологија
    • заменик-министер за правда – Ален Деребан, магистер по право
    • заменик-министер за односи со заедници – Неждeт Мустафа, дипломиран професор по филозофија
    • заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија – Зоран Димитровски,  магистер на политички науки
    • заменик-министер за европски прашања – Викторија Трајков, доктор на економски науки
    • заменик-министер за финансии – Николче Јанкуловски, доктор по економски  науки
    • заменик-министер за економија и труд – Марјан Ристески, дипломиран економист.
    • заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Мирослав Лабудовиќ,  магистер по електротехника и информациски технологии
    • заменик-министер  за земјоделство, шумарство и водостопанство – Флакрон Беџети,  професор по политички науки.
    • заменик-министер за здравство – Јовица Андовски, дипломиран економист
    • заменик-министер за образование и наука – Лулзим Алиу, доктор на филолошки науки
    • заменик-министер за социјална политика, демографија и млади – Ѓоко Велковски, дипломиран економист
    • заменик-министер за локална самоуправа – Ерџан Селими, магистер по политички науки
    • заменик-министер за култура и туризам – Седат Сулејмани, дипломиран теолог
    • заменик-министер за дигитална трансформација – Радослав Настасијевиќ Варџиски,  магистер на економски науки 
    • заменик-министер за јавна администрација – Лазе Јаќимоски, вонреден професор на Правен факултет – Кичево
    • заменик-министер за транспорт – Калтрина Зеколи Шаќири, професор на Универзитетот „Мајка Тереза“, Факултет за социјални науки
    • заменик-министер за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, инженер по хемија
    • заменик-министер за спорт – Сафије Садики Шаини, инженер по информатика

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира