БИТОЛЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА И СО УЦЕНА ДЕКА ЌЕ ОБЈАВИ НЕЈЗИНИ ФОТОГРАФИИ Ѝ ЗЕЛ 5.500 ЕВРА, А БРАТ МУ МУ ПОМАГАЛ

    БИТОЛЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА И СО УЦЕНА ДЕКА ЌЕ ОБЈАВИ НЕЈЗИНИ ФОТОГРАФИИ Ѝ ЗЕЛ 5.500 ЕВРА, А БРАТ МУ МУ ПОМАГАЛСо судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот на осомничените. (Фото: СДК.МК)

    СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против браќата В.Т.(25) и од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела уцена, полов напад и силување и против Б.Т.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање.

    „Првопријавениот В.Т., во периодот од август 2023 до 22.07.2024, заканувајќи се на тогаш 17-годишна девојка од Битола дека на социјална мрежа ќе објави фотографии со кои ќе ѝ наштети на нејзината и честа и угледот на нејзиното семејство, извршил обљуба врз неа. Покрај ова, тој на истиот начин ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра. Во извршување на ова дело му помагал второпријавениот Б.Т., кој внимавал некој да не наиде при подигање на парите, кои подоцна ги делеле“, соопштија од СВР Битола.

    Двајца се лишени од слобода, а со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот на браќата, при што беа пронајдени докази и предмети за кои постои сомнение дека со поврзани со делата. Судија на претходна постапка на В.Т. му определи мерка притвор, а на Б.Т. мерка на претпазливост.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    .

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира