ВЕЛЕС ЌЕ ПОСТАВИ ВИДЕОКАМЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА УРБАНАТА ОПРЕМА

    ВЕЛЕС ЌЕ ПОСТАВИ ВИДЕОКАМЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА УРБАНАТА ОПРЕМАВидеоопрема ќе се постави и во месноста Дворови. (Фото: СДК.МК)

    По примерите на Кавадарци и Куманово, до крајот на годината ќе се постават камери на неколку локации на јавни површини низ Велес, за почеток да се следи дали и кој ја уништува урбаната опрема. Доколку има ефекти, проектот догодина ќе се прошири и ќе се одобрат повеќе средства, одговори градоначалникот Марко Колев на новинарско прашање како да се заштити урбаната опрема, која насилно се оштетува на повеќе локации во Велес.

    „Во програмата на ИТ технологија има одредено финаниски средства, кои годинава ќе се потрошат за да почнеме. Догодина да го прошириме системот за видеонадзор на територија на Општина Велес. Да почнеме од две три локации, да видиме како ќе функционира, па да се надградува“, кажа Колев.

    За годинава предвидени се 3,8 милиони денари за набавка на видеоопрема која треба да се постави на Спортските терен во населбата Тунел, месноста Дворови, гимназијата и ОУ „ Васил Главинов“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира