БЕЛОРУСИЈА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ГЕРМАНЕЦ ОСУДЕН НА СМРТ ВО КОЕ ТОЈ ПРИЗНАВА ДЕКА САКАЛ ДА ПРАВИ САБОТАЖИ

    БЕЛОРУСИЈА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ГЕРМАНЕЦ ОСУДЕН НА СМРТ ВО КОЕ ТОЈ ПРИЗНАВА ДЕКА САКАЛ ДА ПРАВИ САБОТАЖИРико Кригер во видеото вели дека дејствувал по инструкции на Украина (Фото: АТН)

    Белорусија објави видео од германски државјанин осуден на смрт во кое тој признава дека поставил експлозив покрај пруга и го моли канцеларот Олаф Шолц за помош. Во снимката емитувана на државната телевизија не се понудени докази за она што го признава Рико Кригер, кој со лисици на рацете збори зад решетки на празна ќелија.

    Тој вели дека дејствувал по инструкции на Украина, за што исто така не се изнесени докази. Се верува дека тој е првиот граѓанин на западна држава кој е осуден на смртна казна во Белорусија, што вообичаено се изведува со стрелање. Некои сметаат дека ова е дел од кампања чија цел е можна размена на затвореници. Заменик-портпаролот на германското министерство за надворешни работи одби да ги коментира шпекулациите дека Русија на овој начин сака да го изнуди ослободувањето на платен убиец кој во 2019 уби Чеченец со грузиско потекло во Берлин.

    Белоруските медиуми кажаа дека Кригер не поднесол жалба на пресудата, што е многу ретко за некој кој е осуден на смрт.

    На неговиот профил на Линкедин, Кригер е опишан како 29-годишен болничар на Црвен крст кој претходно работел како обезбедување во американската амбасада во Берлин. Германскиот Црвен крст потврди дека Кригер порано работел за одредено здружение на организацијата.

    Белорусија не ги потврди точните обвиненија за кои се товари Кригер, а и неговиот адвокат Владимир Гробач не сакаше ништо да открие. Судењето на Кригер завршило во јуни, но државните медиуми ништо не објавуваа за тоа со недели.

    Белоруската ТВ-новинарка Људмила Гладкаја кажа дека Кригер аплицирал за учество во белоруската воена единица „Калиновски“, која се бори во Украина и дека таа и Украина му наложиле да постави експлозиви во Белорусија. Од „Калиновски“ демантираа дека Кригер бил нивни борец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира